На Ахмети му тргна со пишувањето писма, денеска му пишал и на Мицкоски, премиерот вели „ќе го прочитам кога ќе го добијам“

На Ахмети му тргна со пишувањето писма, денеска му пишал и на Мицкоски, премиерот вели „ќе го прочитам кога ќе го добијам“

Предупредувачко писмо на првиот интегративец завиено во суптилни закани адресирано до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ама не и до премиерот. Али Ахмети сее страв дека секое нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици.

Писмото било одговор на предизвиците со кои се соочува Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент. Во текстот кој го пишувал лично Ахмети, се споменува Балансерот и Законот за јазиците и нивното влијание на „меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.

Тој обвини дека последните одлуки на Уставниот суд веројатно биле само  извршување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, укинување на клучните механизми за заштита на заедниците.

Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост. Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност  и демократски напредок. Секој обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот, порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети во писмото до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски не го прочитал писмото, бидејќи се уште не било пристигнато. Вели дека како одговорна Влада ги читале сите пораки од граѓаните, па истото ќе го направел и со писмото на граѓанинот Али Ахмети – после тоа, се очекува и конкретна реакција од Илинденска.

„Не, не сум го добил писмото, не сум го видел. Кога ќе го добијам, ќе го коментирам. Дневно добивам многу писма и пораки коишто ги читам. Господинот Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин коешто стигнува. Нормално, така постапува одговорна влада“, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан дали го добил писмото што до него го испратил претседателот на ДУИ, Али Ахмети

Очигледно, ДУИ не може да се помири со опозициската улога па сеат страв наоколу дека може да има меѓуетнички тензии. Пред да го испрати писмото до Мицкоски, Ахмети се пожали и кај претседателите и премиерите на Косово и Албанија, кај шефицата на ЕК фон дер Лајен, германскиот канцелар Шолц, францускиот претседтел Макрон и државниот секретар на САД, Блинкен, дека биле загрозени историските достигнувања на Албанците во Македонија.

Жалби и поплаки од Ахмети слушна и амбасадорот на ОБСЕ Килијан Вал со кого се сретна изутрината. Меѓу темите на разговор биле и Охридскиот Рамковен Договор и како што информираа од  ДУИ, нелегитимните претставници на Албанците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста