МЗТ СКОПЈЕ УШТЕ ЕДНАШ ЗАГУБИ ОД МЛАДОСТ (99-88) И ВО 1/4 ФИНАЛЕТО СЕ ПРОСТИ ОД АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје повторно загубија од Младост Земун во Подгорица и со два пораза се простија од настапите во втората Јадранска лига за сезонава. На пладне во салата Морача, Аеродромци се поразени со 99-88 од српскиот тим кој продолжува во полуфиналето и со обидот да дојде до победа во овој плеј оф и до пласман во Првата АБА лига. Што се однесува до нашите екипи, ова беше сезона за брзо заборавање затоа што МЗТ Скопје и Работнички комбинирано во регионалниот натпревар имаа 13 победи и 15 порази.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста