МЗТ Скопје се засили со Американец за новата сезона

Американскиот кошаркар Хасани Гравет е новчлен на  МЗТ Скопје. Играчот кој минатат сезона имаше договор со НБА лигашот Орландо Меџик потпиша едногодишна соработка со составот од  Аеродром за новата сезона. 24-годишен плејмејкер е најавен како големо потенцијал, а воедно е и второто странско засилување за МЗТ кој претходно го продолжи договорот со Феми Олуџоби. Тренерот Ѓорѓи Кочов го подготвува тимот за предизвиците во престојната сезона во која сака подобрување на резултатите од минатата, а освен двете странски имиња на располагање има шест македонски репрезентативци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста