МЗТ СКОПЈЕ ПОВЕДЕ СО 1-0 ПРОТИВ ЕУРО НИКЕЛ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА ОД БОРБАТА ЗА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР

Очекувано кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 1-0 на стартот од финалната серија во домашниот кошаркарски шампионат. Дуелот во арената “Јане Сандански“ во Скопје го одбележа и прекин на натпреварот од страна на судиите кои побараа дел од публиката да ја напушти салата бидејќи бил надминат бројот на дозволени гледачи според протоколите. Инаку Еуро Никел подобро го отвори мечот, доминираше и заслужено ја доби првата четвртина, но веднаш по неа домаќините успеаа да се вратат во колосек и дури до полувремето да направат пресврт и преземат водството. МЗТ во продолжението го имаше главниот збор се до последните минути кога средбата влезе во неизвесна завршница во која домашниот тим славеше со 83-81. Следниот дуел во улога на домаќин ќе биде Еуро Никел а мечот се игра в петок 4.јуни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста