МЗТ Скопје против Широки во борба за второто место во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје попладнево имаат нов натпревар од втората Јадранска лига кој предвидува гостување во Скопје на Широки. Босанците до сега остварија 5 триумфи со два пораза, како впрочем и нашиот првак кој тргна силно со 4 победи во низа, а потоа подзапре, па дома слави, на гости губи. Тој принцип, со оглед на тоа каде се игра, би било извонредно да биде запазен и во дуелот од 19 часот во арената Јане Сандански во Скопје што, пак, би му овозможило на МЗТ Скопје да се врати и тоа како осамен на второто место на табелата по 8 кола во АБА 2.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста