МВР пронајде украдени предмети во автомобил во Велес, две лица се лишени од слобода

На 13.08.2020 околу 18.30 часот на ул.„Петре Прличков“ во Велес полициски службеници ги лишиле од слобода С.С.(48), В.М.(48) и И.П.(37) од Кавадарци и Ѓ.М.(31) од Велес, затоа што при контрола на автомобил „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, пронашле предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражби“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста