МВР: Регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
„Во 9.50 часот пријавено е дека во избирачко место во ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје В. Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници на избирачкиот одбор и во еден момент ја потегнал за чантата претставничката на избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, за што е известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје“, соопшти Ангеловски.

 

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес…

Publiée par Министерство за внатрешни работи sur Mercredi 15 juillet 2020

Поврзани вести