МВР не дозволува снимање околу полициската станица Карпош

smart
Командирот на полициската станица Карпош вечерва им забранил снимање на медиумите на две улици во непосредна близина на полициската станица Карпош.
Во оваа станица според повеќе извори се донесени дел од луѓето нападнати во инцидентот во Александар Палас кои испраќале заканувачки писма до МВР во кои обвинувале дека полицијата не ги заштитила во тешкиот инцидент.
Од напаѓачите засега нема ни трага ни глас.
Вечерашното јавување на телевизија Алфа од Карпош се случи од една од околните улици затоа што пред станицата не смее да се снима.