МВР: Казнети 195 возачи во Скопје, 25 возеле без дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 19 за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 57 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од Министерството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста