МВР И Обвинителство: Затвор до пет години за одобрување на воените злосторства во Украина на „Фејсбук“

Затворска казна до пет години доколку на социјалните мрежи ги одобрувате или оправдувате воените злосторства во Украина. Доколку на Фејсбук напишете коментар за инвазијата во Украина и заземете страна за геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства ќе си добиете кривична пријава. Основното јавно обвинителство и МВР интензивно ги следеле сите изјави и коментари на социјалните мрежи и согласно своите законски надлежности кривично ќе гонат. 

Законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера  за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години велат од ОЈО.

Во законот пак е предвидена казна затвор од една до пет години за  одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК:

Член 407-а

(1) Тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува делата од членот 403 до 407, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Ако негирањето, минимизирањето, одобрувањето или оправдувањето е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот, ќе се казни со казна затворнајмалку четири години.

Од обвинителството апелираме граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуват на меил ([email protected]) за соодветно постапување.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста