МВР: 805 лица не носеле маска, во изолација 213 граѓани
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација, информира МВР.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци.
КАТЕГОРИИ Македонија