МВР: 395 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.