МВР: 217 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштува МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста