Mузичарите и угостителите утре излегуваат на улица по неуспешната средба во Владата

Државата прави лоши и погрешни чекори што странски музичари пеат во македонски барови и ресторани без да ги почитуваат протоколите, а нас ни забрануваат да работиме, се жалат домашните естрадните уметници. Велат, промаршените мерки на власта за забрана на музика во локалите уште повеќе не дотолчи.

Според нив, срамота е што естрадата ќе трпи поради дел од несовесните менаџери кои на големо ги прекршуваа протоколите. Велат дека Владата е таа која треба да спроведе забрани онаму каде што треба, но тоа до сега не се случило.

  • Сосема е погрешно што државата прави лоши чекори. Странски музичари пеат во барови и ресторани без да ги почитуваат протоколите, а од друга страна не толчи нас, домашните работници, вели за Алфа естрадниот уметник Илче Младеновски.

Во пресрет на утрешниот протест, каде ќе биде поставена бина пред Владата, Младеновски вели дека ваквите чекори на власта негативно се одразуваат врз музичката индустрија во земјава.  

  • Лебот го вадам од музиката и го издржувам семејството, државата наместо да ни помогне, ни одмага. Ова стварно нее фер, за едни да важи, а за други да не важат ни протоколи, ни ништо, додава Младеновски.

И граѓаните се против на ваквите, како што ги нарекоа, погрешни мерки на власта. Велат дека луѓето мора да работат, но и да ги почитуваат мерките за заштита.

  • Мора луѓето да работат, и музичари и конобари и сите. Имам двајца дома што седат без работа, зашто Владата прави и што треба и што не треба. Ова не личи на ништо, ова е продадена држава, катастрофа, се жалат граѓаните пред нашата камера.

Разочарани, македонските музичари излегуваат на улица. Пред Владата ќе се пеат македонски песни, ди-џеи ќе пуштаат музика, и стендап комичари ќе прават шоу. Протестот нема да е од забавен, туку од политички карактер, поради владините мерки со кои се забранија јавни настапи во локалите, што според нив се носат одлуки без консултација со угостителите и музичарите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста