Муслиманските верници слават Курбан Бајрам,сточарите незадоволни од продажбата,верниците помалку купуваат оти е криза

Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам- празникот чие главно обележје е принесувањето жртва или курбан.И годинава, поради тоа што Тетово нема сточен пазар, сточарите повторно се снаоѓаа, па продаваа на повеќе локации во градот,но,во многу мал број,оти ги бркаа инспекциските служби.Сепак, велат, нешто успеале да продадат.

И купувачи има се помалку,оти се жалат дека нема пари.За една овца треба да издвојат од 100 евра па нагоре, покрупниот добиток пак, се продава и до 2000 евра.Сепак, имаше такви кои купуваа курбан,бидејќи таков е адетот.

Курбан Бајрам се слави четири дена,а обичај е да се посетуваат роднините и пријателите.А,токму ваквите семејни собирања,кои се практикуваа и за Рамазан бајрам,се посочени како ризик и една од главните причини за ширење на коронавирусот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста