Муслиманите слават Бајрам-џамиите преполни, мерките и протоколите заборавени

Муслиманските верници ги преполнија џамиите. Неколку стотици се собраа во тетовската шарена џамија на утринската бајрам намаз молитва-внатре,дворот, па дури и паркот беше преполн со луѓе.Седнати еден до друг, а маска, не носеше речиси никој.Бајрам нема да се прослави масовно како минатите години,но, и покрај препораките на надлежните да нема семејни собирања, верниците велат дека сепак,ќе одат по гости, барем кај најблиските.
Мир, благосостојба,но,и одговорно празнување посака имамот на Шарената џамија.Традицијата вели, мора да продолжи,но, да се почитуваат препораките.
Минатата година поради пандемијата, џамиите за Бајрам беа затворени во Косово, Америка, Саудиска Арабија.Турција пак,воведе четиридневен карантин, за да се спречи ширењето на вирусот.Обидот и кај нас да се воведе карантин не успеа,па по одлуката на ИВЗ дека џамиите ќе останат отворени за верници,Владата попушти, скратувајќи го полицискиот час,кој почнуваше од 11 часот.Годинава,пак,и за Велигден и за Бајрам, надлежните одлучија, да нема рестрикции во движењето.
Милена Вучевска