Муслиманите добија соба за молење во гостиварската болница, православните ако сакале нека изразат желба и инвестираат

Гостиварската болница обезбеди посебни простории, каде муслиманските верници, вработени или пациенти, ќе можат во секое време да се помолат на Алах.Ова предизвика многу реакции во јавноста-дали ова е приоритет на болницата и каде е можноста и желбата да се реализира вакво нешто и за православните верници.

Се е во ред, секоја чест, немаме ништо против.Но, дали знаете дека постоиме и ние припадници од православна вероисповед?Дали сме луѓе или не?Ако правите молитвена просторија, треба и за нас православните.Едно општество за сите или само за вас?

А, слика нешто од болничките соби и тоалети?Или тоа не е за фалење?

Ова се дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи. Остро реагираше и пратеничката на ВМРО ДПМНЕ од Гостивар, Дафина Стојаноска,која вели дека нема ништо против,но, прашува дали е ова едно општество за сите.

Во раководството на болницата велат дека ова не било нивна иницијатива, ниту пак, тие инвестирале, чудејќи се зошто се кренало толку врева.Директорот вели, кој сака може да се моли, тоа не било забрането за никого.

 “Секој што има време може да оди да се клања,што е тоа толку фрапантно и страшно не знам,се придава на важност, како да сме направиле џамија.Граѓанска иницијатива се собраа средства, донесоа фирма која реновираше.Болницата нема нвестирано ниту денар, а камоли повеќе-рече Јакуп Јакупи- Директор на Општа болница Гостивар.”

Јакупи вели дека за овие простории не барал дозвола од ресорното Министервто оти немало потреба.Порача дека ако има иницијатива да се направи вакво нешто и за православните верници,истата ќе биде реализирана.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста