МУРИЊО: МИСЛЕВ ДЕКА СУМ ПОРАСНАЛ, НО ПОТОА СФАТИВ ДЕКА ГОЛОТ Е ПОНИЗОК ЗА 5 СМ

Жозе Мурињо не случајно го нарекуваат „Специјалниот“. Португалскиот стратег привлече посебно внимание пред мечот со Шкендија откако добил сугестија од своите голмани дека нешто не е во ред со головите на стадионот. Веднаш на лице место го проверил проблемот и сфатил дека голот не е по пропишаните димензии. На крајот не остана должен, па освен на пресконференцијата, Мурињо и на социјалните мрежи се пошегува. Објави фотографија како го мери голот на Арената „Тодор Проески“ со натпис „Мислев дека сум порасна, но потоа сфатив дека голот е понизок за 5 см“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста