МПЦ и ИВЗ со апел да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот

Верските заедници се приклучија кон апелите, да се почитуваат мерките, пропишани од страна на министерството за здравство.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упати апел до храмовите и манастирите на МПЦ, во кои има редовни посети, и постојано се врши богослужба – да се зголеми редовното одржување на хигиената.

Поглаварот на Исламската верска заедница – Сулејман Реџепи изјави дека одблизу се следи состојбата со коронавирусот и дека се почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Реџепи ги повика верниците, петочните молитви да ги одржуваат во џамија, а останатите, да ги реализираат во своите домови.