Можно ли е наскоро да се отворат кафулињата, кафеаните и рестораните?

Конечна одлука од владата нема, најави има и тоа е доволно газдите веќе на големо да вршат подготовки. Можно ли е наскоро да се отворат кафулињата, кафеаните и рестораните? По најавите од владата, но и другите институции дека кон крајот на месецот може да дојде до олабавување на строгите мерки и животот полека да се врати во нормала угостителите не губат време. Деновиве повеќето газди на кафулиња и кафеани ги отворија вратите, зачистуваат, фарбаат, метат и местат тераси.

Официјално насоки како би функционирале немаат, но меѓу нив веќе се вртат муабети. Некои велат дека ќе биде дозволено да се работи само на отворените тераси, дека масите ќе мора да бидат на растојание од над 2 метри, дека нема да смеат да седат повеќе од двајца/тројца гости на маса, дека бројот на гостите ќе зависи од квадратурата и слично. Сопственичка на гостилница за Алфа вели дека едвај чека да ги отворат рестораните бидејќи нема како да им исплати надомест на своите вработени. Повеќето граѓани го делат истото мислење, дека наскоро треба да се отворат овие локали.

Со оглед на олабавувањето на рестриктивните мерки кое го најавија од владата, работодавците очекуваат зелено светло, но се уште нема официјално соопштение. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека се уште не се знае како ќе функционираат рестораните.

 Иако се претпоставуваше дека во втората половина на мај рестораните ќе бидат оторени, не знаеме како ќе се одвиваат работите и дали пандемијата со корона вирусот наскоро ќе заврши” – вели за Алфа Љупчо Јаневски.

Прашањето дали во втората половина на мај локалите ќе ги отворат своите врати, засега останува само во рамки на шпекулациите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста