Можно е воведување на рестрикции за невакцинираните лица од септември

Кој не е вакциниран од септември нема да може да посетува кафeани, кафулиња дискотеки, културни и спортски настани и сите масовни собири без разлика дали се на отворено или затворено – ова се рестриктивните мерки за кои сериозно размислуваат здравствените власти. Според Филипче мора да се зголеми интересот за вакцинација што поскоро.

„Свесни сме дека можеби и покрај сè што правиме, интересот за вакцинација нема да се зголеми. Размислуваме за некаква форма на рестрикција, ние не можеме и нигде во светот вакцинацијата не е задолжителна. Затоа мораме да размислуваме за некои други алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат“, истакна министерот Филипче.

Македонија засега не размислува за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Затоа што според првичните анализи преку 85% од здравствените работници се веќе вакцинирани.Сега се чекаат анализите за процентот на вакцинираните вработени во образованието и во градинките.

Според првичните анализи преку 85% од здравствените работници се вакцинирани против коронавирусот, а уште ги чекаат анализите од вработените во училиштата и градинките за да донесат одлука дали ќе биде потребно дополнително да се апелира за вакцинација во овие сектори за училиштата и градинките наесен да почнат непречено да функционираат.” – вели Филипче.

За разлика од кај нас, повеќе европски земји најавуваат рестрикции поради ширењето на индиската мутација која е многу позаразна од британската.Сите затворени места во Грција ќе примаат исклучиво само вакцинирани лица, мерката ќе почне од петок. Франција воведува задолжителна имунизација за здравствените работници. Шпанија го враќа полицискиот час.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста