Можни се нови одрони кај Радожда

Експертите го вклучија алармот,голема е опасноста во струшко Радожда повторно да дојде до отцепување на големи камени блокови од карпите. По направениот увид на лице место екипите од Научниот Иститут по земјотресно инженерство и климатски промени, констатирале дека станува збор за карпести маси во должина од 350 метри, а висината на карпата која е речиси потполно вертикална и на која се констатирани пукнатини, достигнува и до 50 метри.

“Површинските води сега почнале да се слеваат како резултат на топење на снегот,но со нивното замзнување претходните денови кога температурите беа ниски,дошло до ширење на некој веќе испукан дел од карпестата маса и како резултат на тоа дошло до паѓање блокот,што можеше да заврши и фатално”-вели првиот човек на Научниот Институт по земјотресно инженерство и климатски промени.

Се случило, среќа што тој паднал во некој вид плевна или слично.Вие ме прашавте дали постои ризик ? Ризик секогаш постои и еве колегите ми сугерираа дека сепак тоа зафаќа некаде 350 метри должина и дека повторно може да се случи да се одрони карпата, дел од карпата.Јас лично не можам да наредам ниту евакуација тоа треба да си го направат самите власти,односно општина – изјави МИХАИЛ ГАРЕВСКИ – директор на ИЗИКП.

Ризикот е дотолку поголем ако се земе предвид дека куќите кои се изградени буквално под карпите и се многу блиску една од една, затоа е потребно уште еднаш да се излезе на терен,да се превземат превентивни мерки, па дури и еден вид санација бидејќи станува збор за голема површина,додава Гаревски.

Изјава Михаил Гаревски-дир.на ИЗИКП: Тоа е голема површина и ако нема детален преглед може да се испушти нешто и да има сличен блок како овој што отпаднал сега.А, очити се тие вертикални така не информираа и колегите кои беа на лице место.Вертикални пукнатини, делумни хоризонтални под агол.Ама тоа  се слоеви од блокови значи ова е типичен мермеризиран варовник но тоа се големи блокови,тоа се огромни маси. 

Природада дала некаков сигнал, колкава е опасноста никој не може со сигурност да каже,многу е смело да се каже дека нема да дојде до повторни одрони,наше е велат експертите да предложиме решение доколку општина Струга го побара тоа. Првично и најбрзо решение е да се постави мрежа,потоа да се направиле паралeни канали за да нема понирање на суводилиците чии води миејќи ги каприте,се провираат во пукнатините и замрзуваат и на крај да се интервенира во санирање на карпата.Одговорност за евентулано евакуирање на дел од населението, треба да понесе општината-велат од Иститут по земјотресно инженерство и климатски промени.Од општина Струга пак велат дека чекаат одговор на писмено барање со кое се  обрати до надлежните служби,со цел да констатираат дали во Радожда е безбедно и дали треба да се превземаат дополнителни мерки.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста