Може ли СЈО да функционира без шеф? Јовевски со спротивно мислење од законот

Лавина реакции предизвика одговорот на државниот обвинител Јовевски , на прашањета кој сега ќе биде шеф на СЈО и како тие понатаму ќе работат. Јовевски рече дека сега Советот на јавни обвинители треба да избере вршител на должност за шеф на СЈО од редот на помошниците обвинители на Катица Јанева и, патем, се повика на завршните одредби од Законот за СЈО иако таму тоа – не го пишува.

Но она што го најавува Јовески, е спротивно од она што го пишува во законот за СЈО. Во членот 18 став 1 во делот за рзрешувањето стои дека

Закон за СЈО, член 18: 2. Разрешување Член 18 (1) Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија.

Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Во став два од истот член натаму е наведено дека

Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавни обвинители, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, го разрешува јавниот обвинител.

Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.

Ваквиот став на Јиовески, кој е спротивен од она што е наведено во законот, шредизвика реакции во фелата. Правнио експерти предупредуваат дека тој повторно си дал за право да одлучува за нешто што не било негова надлежност и се обидувал да наметне решение кое е надвор од неговите овластувања.

Поранешниот претседател на Кривичен Суд Скопје, Владимир Панчевски, дури и предупреди дека Јовески лажел и манипулирал. На Фејсбук Панлевски напиша, цитирам, Јовевски лаже и наведува дека јавен обвинител во СЈО не може да биде заменет со ВД обвинител кој ќе го определи Советот на јавни обвинители.

Ако Катица Јанева ја поставија лидерите на 4-те политички партии само тие со политичка одлука можат да постават нејзина замена. Советот е под контрола на хунтата на власт, нека знае народот дека го манипулираат! Пишува Панчевскли

Инаку Јовевески пред еден месец му кажуваше на Кривичен суд Скопје како да работи, а сега се шпекулира дека наметнува решение и на Советот на јавни обвинители. Ваквиот негов став според упатените отвора многу дилеми околу целиот процес, но и околу тоа , дали обвинителот работи за борба против криминалот и корупцијата или само ги извршува наредбите на структури од власта.

Јована Грчева