Може ли овој пат да им се верува на Заев и Пендаровски?

-(ПРАШАЊЕ: Дали според вас е прифатливо да прифатиме дека македонскиот јазик извира од бугарскиот јазик и идентитет македонски исто?) Не е прифатливо, порача Заев.

Со лут тон на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев одговори дека нема да го прифати условувањето, дека македонскиот јазик и идентитет извирале од бугарскиот. Но дали може да му се верува, особено кога се во прашања националните интереси на Македонија?

-И цело време го донеле Заев да го продаде името, ајде мајката, изјави Заев во минатото.

Тој во повеќе наврати го погази многу пати дадениот збор. Заев во минатото се колнеше дека нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име.

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото.

Дури велеше и дека не постои човек кој би дозволил промена на според Заев одличниот Устав.

-Пресериозно е ова прашање и навистина не боли нашата национална посебност. Никој не може во Македонија и не верувам дека постои таков човек кој што би дозволил промена на Устав и промена на нашиот идентитет, ветуваше Заев.

-А што се однесува до уставот гарантирам одличен устав имаме, европски устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, уставот ќе се почитува, уставот ќе се спроведува, нема менување на уставот. Бидете спокојни, изјави Заев.

А ветуваше и дека нема да има двојазичност.

-Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп, во Кавадарци двојазичност? Глупости невидени, до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направел проблем, па живот ќе се загубел, ова е невидено, изјави Заев.

Дека нема да се прифатат условувањата и уцените од Бугарија вети и претседателот Стево Пендаровски.

-Нашата позиција е јасна, преговори за идентитетот и македонскиот јазик, ниту имало некогаш, и кога го правевме Преспа и кога го потпишувавме немаше и добивме тоа што го добивме во содржината на Преспанскиот договор. Од тие наши позиции ние нема да отстапиме, изјави Пендаровски.

Но дали може да се верува и во зборовите на Пендаровски.

-Имавме често муабети за името, ќе го смениш името и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции, во тој момент јас ви тврдам, сите што беа до последен, деситици и деситици илјади луѓе, во мај на 17 мај и сите слободарски граѓани, колку год да звучи како фраза душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа, нема да го остават во таа фотелја во која што е. Значи јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такви нешто, али ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек или на тие луѓе, изјави Пендаровски во минатото.

Ветувањата дадени во минатото и Заев и Пендаровски, веќе ги прекршија потпишувајќи го договорот со Грција, со кој Македонија стана Северна, а променет беше и Уставот. Сега пак ветуваат дека нема да се прифатат условувањата и уцените од Бугарија, останува да видиме дали сега и двајцата ќе останат на дадениот збор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста