Може ли да му се верува на Заев дека не преговара за идентитет и јазикот со Бугарите?

Ќе стане ли бугарската декларација дел од преговарачката рамка на Македонија за интеграциите во Европската Унија…За што се пазари премиерот Заев овојпат, се колне во македонскиот јазик и идентитет но од кога, дали пред 1945 година или потоа…Конкретни детали нема, од македонската влада писмено известуваат само дека за јазикот и идентитетот не се преговарало. Сепак, премиерот не открива ниту што понуди Европа во нон пејперот доставен до Скопје и Софија, а што ќе значи деблокада на бугарската кочница.

Уверувањата на Заев следуваат откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски објкави шокантни информации дека премиерот и преговарачот Бучковски преговараат нешто за што премиерот веќе го најави во скандалозното интервју пред половина година – дека ќе потпише анекс или друг облик на гаранција кои што ќе значи прифаќање на позициите кои што беа изгласани во декларацијата на бугарското собрание. Според опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои како што вели се погубни за Македонија.

И додека Заев уверува дека со браќата Бугари е подготвен за затвори дел од историските врати , а за цена на тоа да ги отворел прозорците на иднината, од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од Заев дали преговорите со Бугарија се спротивни на македонските национални интереси. Прашуваат дали бугарската декларација која ја оспорува генезата на македонскиот јазик и историја ќе биде прифатена…

Не само опозицијата, скептичност и неверување околу ставовите и позициите на Заев има и кај пошироката јавност. Се повеќе експерти предупредуваат дека на Заев не може да му се верува, за што укажуваат на бројни примери од кои најеклатантен е оној за уставното име и договорот со Грција, за кој уверувашпе и се колнеше во своите деца дека нема да го промени.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста