Моторциклист се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од својот мотор

На 17.08.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Втора македонска бригада“, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(42) од Скопје, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста