Моторциклист паднал на коловозот на магистралниот пат Струмица – Радовиш и се здобил со тешки телесни повреди

На 22.09.2020 во 06.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, во близина на крстосница за с.Василево, М.В.(21) од с.Градашорци, струмичко, управувајки мотоцикл „јијинг“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди , констатирани во Медицински центар Струмица, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста