Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на Првомајска

На 27.07.2020 во 15.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(32) од Скопје и патничко возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(39) од Скопје, информираат од МВР.

По незгодата, В.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста