Москва го укина карантинот

Жителите на руската престолнина се вратија на вообичаената рутина, откако градските власти на Москва ја укинаа карантинската мерка која беше на сила повеќе од два месеца, иако градот сѐ уште дневно бележи над илјада нови случаи на зараза со коронавирусот. Сепак, свесни се дека мора да бидат внимателни и постојано да носат заштитна маска. Според московскиот градоначалник Сергеј Собјанин одлуката е донесена поради постојаното намалување на бројот на заразените и одговорното однесување на московјаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста