Морено разочаран што ја напушти клупата на Шпанија

Краткорочниот селектор на Шпанија Роберто Морено сака да се заврши целата непријатна ситуација околу местото на клупата на А селекцијата односно промената што се случи по последниот меч од успешните квалификации кога тој беше сменет, а одново беше именуван Луис Енрике. Морено вели дека совеста му е чиста, дека зборот дека ќе се повлече го одржал, но дека му е жал што нема да ја води Фуријата на Европското. Морено инаку отфрли можност да му биде помошник на Енрике кој се врати по смртниот случај во семејството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста