Мопед управуван од 17-годишник удрил во паркиран автомобил во Битола, жртви нема

На 03.08.2020 година во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во паркирано моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста