МОН нема јасна статистика колку деца биле жртви на психичка тортура

МОН нема јасна статистика колку деца биле жртви на психичка тортура

Расте бројот на врсничко насилство, но МОН нема јасна статистика колку деца се биле жртви на психичка тортура. Во време на изразена дигитална комуникација, експертите сметаат дека големо внимание треба да се обрати  на сајбер просторот, кадешто тинејџерите се лесна мета на демначите..

  „Со тоа што живееме сега во време на масмедиуми и маскомуникација, модерна дигитализација, заканите по децата и формирањето на содржината, не се само институциите , не се само родителите, туку и некој малициозни актери коишто буквално со далечинско, значи од далечина можат да ги загрозат младите, коишто благодарение на природната радозналост се многу ранливи на вакви провокации и манипулации„ изјави Методи Хаџи-Јанев, Универзитетски професор по безбедност.

Врсничкото насилство, посебно психолошкото и нападатите на социјалните мрежи се изразени меѓу тинејџерите. Но тие најверојатно се решаваат во рамки на училиштата и семејствата. Во штипска Апелација  во просек годишно се работат од 10 до 12 предмети  поврзани со малолетничката правда. Сите се за физички напади. Но според престеседателот Тони Делев, бројот е многу поголем зашто повеќето од случаите не се пријавуваат.

  „ Ако не се делува, ако не се работи со нив да продолжат со таквото девијантно однесување и во понатамошниот живот , а тоа знаеме дека на крајот ќе мора да се санкционира„ изјави Тони Делев, претседател на Апелационен суд, Штип.

Годинава, МОН отвори електронска адреса, каде граѓаните, во случајот родителите може да пријавуваат насилство. Само во првиот месец се пристигнати дваесетина пријави. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста