Mолк за скандалот со Дака – кој го штити „Јелак“ градба кој се контролира од „Оф шор“ панамска фирма?

И по повеќе од десетина дена надлежните институции молчат за аферата која ја отвори опозцијата, за изградба на станбени објекти близу центарот на Тетово на земјиштето на поранешниот гигант ШИК ЈЕЛАК, чиј сопственик според ВМРО-ДПМНЕ е контраверзниот црногорски тајкун со руски конекции Миодраг Дака Давидовиќ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски потсети на разговорите кои одекнаа во јавноста во предизборниот период во кои наводно се слуша гласот на Дака и осудениот во Рекет, Зоки Кичеец.  Во овие аудио материјали се споменува името на премиерот Заев, но и на генералниот секретар Драги Рашковски. Но за ова, нема коментар ниту од владата, ноту од овбинителството , го нема ниту Дака.

 Николовски отворајќи ја аферата пишуваше и за матните улоги на Дака низ политиката на Балканот, но и во Македонија. Прашува дали се свесни СДСМ и ДУИ дека овозможуваат огромен бизнис од кој профитот ќе биде употребен против стратешката европска и евроатланска ориентација на Македонија?

Николовски обвинува дека зад мини наслебата се кријат Оф шор сметки за евентуални матни тансакции, ДУП сменет преку ноќ, нарушување на урбаното живеење

Сопственик на поранешниот гигант „ШИК Јелак“ е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата „Јелак Градба“ . На просторот на „ШИК Јелак“ крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 мил евра на инвеститорот. Во „Јелак Градба“ управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата „Адастра груп Корп“ која е регистрирана во даночниот и офшор рај Панама – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Николовски предупредува дека Панама била омилено место на бизнисмени кои не мислеле дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив, според потпретседателот на опозицијата бил и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подариле  вносен бизнис.

Аферата со ШИК Јелак и поврзаноста на црногорскиот бизнисмен со македонските власти ја отвори токму Николовски, кој минативе денови приложи докумети дека во Тетово ќе никнат згради за нови 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Мери Ѓоргиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста