Молк од Владата: Ќе шетаат ли и понатаму чизмите на Дардишта во Телеком?!

Ќе газат ли се уште чизмите на Шкодране Дардишта во одборот на директори на Македонски Телеком? Одговор на ова прашање од Владата нема. Таа токму како владин предлог е на оваа позиција, а вниманието во јавноста го привлече со објава на Фејсбук, која беше сфатена како закана за нова војна, ако ДУИ замине во опозиција.

Додека од Илинденска молчат, се огласи Обвинителство за пораката на Дардишта која гласи: „Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не се сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе се изгорите во него“. Од ОЈО за Алфа велат го следеле случајот.

-Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе ги испита сите околности во врска со објавата. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

Инаку Македонски Телеком преку соопштение се огласија за зборовите на Дардишта. Велат тоа било нејзин приватен став, повикувајќи ја Владата да реагира.

-Македонски телеком се оградува од приватниот став на госпоѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави госпоѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски телеком, велат од Телеком.

ДУИ преку официјално соопштение пак ја поправаше Дардишта, не мислела на војна, туку за избори.

-Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен, соопшти ДУИ.

Додека ДУИ ја правда и дообјаснува, лидерот на ДУИ ја нападна Дардишта. Али Ахмети вели ваквиот нејзин став бил контра контра принципите и каузата на неговата партијата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста