Молк од Обвнителството за скандалот со Рашковски што го обеделодени Антикорупциска; На Рашковски по празниците ќе му се суди за набавката на софтверот

Молк од Обвинителството дали ќе истражува и ќе отвори нов предмет за Драги Рашковски за случајот кој го обелодени Антокорупциската комисија. Од таму вчера побараа од Јавното обвинителство за организиран криминал да отворат нов предмет за екс генералниот секретар на Владата и да истражи случајот. Инаку сопругата на Рашковски добила на подарок „Доџ вајпер кабриолет“ кој на пазарот чини 50 илјади евра, а во анкетниот лист на кумашнинот на Заев е пријавено дека вреди 5 илјади евра. Антикорупционерите се сомневаат дека автомобилот е награда за Рашковски за противзаконито постапување, односно издавање на дозвола за градење на фирма од Гостивар.

Во меѓувреме, Драги Рашковски ќе седне на обвинителната клупа во Кривичниот суд во новата година. Основниот суд 1 во целост го одобри обвинението поднесено против Драги Рашковски и уште шест лица, поврзано со нелегална набавка на софтвер и перење пари.

„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд–Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост“- велат во соопштението од Освновниот кривичен суд.

Откако Кривичен ќе го распредели предметот кај главен судија ќе започне главната расправа и соочувањето на докази на Обвинителството и обвинитите на чело со Рашковски. До првото рочиште Рашковски, наместо во Шутка,  ќе биде во домашен притвор. По понудената гаранција од половина милион евра и по еден месец зад решетки, судот во јуни го пушти во куќен притвор. Но наместо дома, екс генералниот секретар беше забележа како се шета по улиците во скопски Аеродром без полициска придружба, а судот се правдаше дека имал дозвола поради здравствени проблеми.

Јавноста со месеци реагира на двојни судски аршини во Македонија, односно ако се направи паралела меѓу случаите на Драги Рашковски, кој важи за близок до Заев и бизнисменот Јордан Камчев. Поранешниот владин ген сек беше пуштен од Шутка со гаранција од половина милион евра, а со Камчев тоа не беше случај. Бизнисменот е во Шутка од март и покрај понудената гаранција, Апелација не го пушти Камчев во домашен притвор.

Викторија Миткова

Advertisements