Молк од македонските институции по одлуката на Софија да си ги присвои Кирил и Методиј

Бугарија со присвојувањето на кирилицата и сесловенските просветители Кирил и Методиј, тоне во националистичка кал, сметаат дел од јазичарите и професорите во Македонија. Според нив покрај одлуката на официјална Софија, пострашен е молкот на македонските институции.

За молкот од македонска страна реагира и професорката Улчар. Таа не очекува нашите власти да реагираат, само за да не го налутат источниот сосед.

Бугарското собрание усвоило 24 Мај да биде ден на бугарската писменост.Да бараш бугарска нација во 9 век е лудо! Да пишуваш кирилица, а да ја славиш глаголицата е исто така, апсурдно, ама-ако! Се избрукаа за сите пари пред светот, пред славистиката и пред објективната наука…вели Елка Јанчева Улчар.

Инаку пред два дена Бугарија си ги присвои Кирил и Методиј, а и кирилицата.  Според предлагачите ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од ЕУ како бугарска.

Претходно официјална Софија направи и  меморандум во кој се тврди дека македонската нација и јазик не постоеле до 1944.

Ваквиот документ го испратија и до Брисел. Заев и тогаш и сега е многу внимателен во изјавите и  убеден е дека позициите на Софија,  особено за јазикот и нацијата нема да бидат пречка за нашата европска интеграција.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста