Молк: Никој во Судски и Совет на ЈО не чувствува одговорност за упадот со новите членови во Академијата

Молк: Никој во Судски и Совет на ЈО не чувствува одговорност за упадот со новите членови во Академијата

Класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители од членовите на највисоките тела во правосудскиот систем. ВМРО-ДПМНЕ бара новозначените во управниот одбор на Академијата да си поднесат оставки бидејќи номинирањето е незаконски и има судир на интереси. Владејачката партија обвинува за политичка поврзаност, што според нив дополнително го урива угледот на правосудството.

  • Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители.
    Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители.Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори“ рече Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Судскиот и Советот на јавните обвинители на последните седници назначија нови четворица членови во Управниот одбор на Академијата, иако не смеат бидејќи тие се дел од тела во правосудството но истовремено нивната функција како судии и обвинители е во мирување. За поставувањето на Ханиф Зендели и Антоанета Димовска од Судски и Душица Димитриеска и Башким Бесими од Советот на јавните обвинители, реагираше и невладиниот сектор.

Коалицијата „Сите за правично судење“ веднаш по нивното назначуваwe побараa. Антикорупциска да постапи за овој случај.

  • Иако законот наведува дека истите треба да бидат избрани од редот на судиите и јавните обвинители. За жал, оваа е некоја лоша пракса која што ја имавме во минатото дека функциите не треба да се повторуваат дека членовите не треба да бидат членови и на УО на Академијата. За ова и за 2022 година реагираше и ДКСК, конкретно беше за назначување на членови од СС во Акдемијата и в.д. директор. По што беше констатирано дека постои судир на интереси“ вели Ивана Петровска од Коалиција „Сите за правично судење“ за Алфа на 30.10.2024.

Ова не прво вакво назначување. Таков беше примерот и за Зоран Герасимовски кој во исто време беше член на Судскиот совет, на Управниот одбор на Академијата и плус нејзин в.д. директор. По барање на антикоурпционерите, тој си поднесе неотповиклива оставка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста