Молитви под маски, но не и со препорачаната физичка дистанца

Со маски на лицата и задолжителна дезинфекција на рацете која ја добиваа на влезовите,верниците денеска влегуваа во џамиите.Но, внатре, без препорачаната дистанца од метар и половина,која барем во тетовската шарена џамија, беше невозможно да се одржи. На пладневната молитва имаше 80-тина верници.Повеќе од половината се молеа внатре, останатите, на терасата од џамијата. Поголема гужва се создаде по завршувањето на молењето, кога верниците ја напуштаа џамијата.Но,беа претпазливи поради присуството на камери,па ги немаше оние традиционални муабетења и поздрави,кои обично ги практикуваат.Сепак,велат оти не се плашат од зараза,а овој ден долго го чекале.

Слична беше состојбата и во останатите џамии низ државата, некаде се помала, некаде со поголема посетеност.Еден од верниците пак, во Мустафа пашината џамија во Скопје,вели дека гужви сепак, не се потребни, барем сега во овие моменти.

Со оглед што се рамазанските пости, молитви ќе има секојдневно низ џамиите, а со тоа и многу верници. Дали ова ќе значи нов ризик за ширење на коронавирусот,ќе зависи од нивната дисциплираност и почитувањето на мерките.

Милена Вучевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста