„Мој термин“ дише на шкрги, хронично болните во паника

„Мој термин“ дише на шкрги, блокиран до средина на Октомври а хронично болните пациенти на голема мака и во паника. На пет дена пред нивното враќање на работа, тие не можат да дојдат до потребната потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. Првите слободни термини се од 10-ти Октомври. Пациентите мака мачат да стигнат и до преглед на специјалист и покрај тоа што се водат како итни случаи.

“Сигурно тврдам, во понеделникот лично јас, бев да барам термин немаше термин…денеска пак пробав. Да има вонредни амбуланти отворени меѓутоа термините за овие амбуланти се за после 15-ти Октомври.До тогаш се е букирано.Луѓето немаат можност преку мој термин да закажат преглед.Зошто ова не се организраше порано пред да биде донесена одлуката за враќање на работа на хронично болните.” вели за Алфа хронично болна пацинетка.

Пацинетите оправдано се загрижени признаваат и матичните лекари кои се обидуваат да им излезат во пресрет на пациентите и да им помогнат да го зачуваат своето здравје.Но и тие тврдат дека тешка е достапноста до “Мој термин”.

“Нашите пацинети се соочуваат со сериозни пrоблеми.Не можат да дојдат до кардиолог од Клиника во кој си имаат доверба.Интернистичките прегледи на ниво на градови..навистина се тешко достапни.Нема шанси да се дојде до таков термин.Сметам дека проблемот со корона кризата сега се натрупаа голем број на здравствени проблеми.” – изјави Лилија Чолакова Дервичова – матичен лекар.

На повеќе Клиники и во градската општа болница до средина на Октомври пополнети се местата речиси за сите специјалности. Од друга страна ако сакате да изберете и конкретен лекар некои од нив воопшто не ги дава системот за да закажете.

Од “Мој термин” соопштуваат дека најбарани се прегледите  кај интернистите. Но, месецов најмногу закажани термини има на Институтот за трансфузиона медицина, Клиничките болници во Битола, Штип и Тетово, ГОБ 8 септември и во скопските поликлиники.

Инаку после 6 месеци поради корона вирусот “Мој термин” повторно профункционира на 1 септември.

Ања Василева

Поврзани вести