„Мој ДДВ, моја награда“ – власта го враќа проектот кој како опозиција го критикуваше

„Фискална во рака, награда без мака“ – власта го враќа проектот стар речиси повеќе од половина деценија кој како опозиција жестоко го критикуваше.

Старо – новата наградна игра ќе ја организира Државната лотарија по налог на Министерството за финансии.

„За понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра ‘Мој ДДВ, моја награда’“, соопшти Владата.