Модуларните болници се безбедни, но никој не може да гарантира за безбедноста на пациентите во нив?!

Модуларните болници се безбедни, но безбедноста на пациентите никој не може да гарантира „-вака одговорија директорите на болниците во југоисточниот регион, на прашањето кое Алфа им го постави-Дали модуларните болници се безбедни и можат ли да ветат безбедност на пациентите кои се лекуваат во нив?

    И додека надлежните убедуваат дека монтажните објекти се градени по сите стандардни и се безбедни , граѓаните со спротивно размислување. Според нив вакви објекти во кои се згрижуваат пациенти не треба да се прават од пластика и стиропор. Сепак има и граѓани кои би се чувствувале безбедно доколку не дај боже ги хоспитализират во модуларни болници.

 „Не се безбедни, барем јас така мислам. Ја гледам градбата , а кислородот е опасен, исто како плин.Штом се граде за 24 или 48часа рачунајте тоа не е безбедно. Тоа се гради да речеме партизански , за да се каже пред народот дека се работи нешто, инаку не се безбедни тие болници . Безбедни се! Штом, ги направиле за пациенти значи безбедни се.Но ете некогаш избие куршлус„- велат анкетираните граѓани.

По трагедијата во Тетово, ревизија на објектите мора да има , децидни се граѓаните. Според нив  во монтажни објекти во кои има боци со кислород или цистерни за централен довод надлежни органи барем еднаш месечно треба да прават задолжителни контроли.

„Мислите ли дека после она што се случи во Тетово треба да се направи контрола во сите објекти? Да, задолжително! Се пушта објект, а потоа не се преземат никакви мерки. Треба нон-стоп да се врши контрола на тие објекти. Таму се спасуваат човечки животи„-одговорија граѓаните на прашањето што им го поставивме.

Вечерта кога се запали модуларната болница во Тетово, дополнително полициско обезбедување е побарано само од болницата во Прилеп, кое останало и во наредните 24часа. Во Струмица поради напливот на пациенти веќе има полициска контрола. Засега Штип и КОчани немат побарано посебни безбедносни мерки.

Штипската болница е единствена која има централен довод на кислород, а неколку тонската цистерна е закопана под земја. Во Кочани во секој момент на располагање има 16боци , а во Струмица во модуларната болница се сместени пациенти со полесна клиничка слика.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста