Модуларните болници на истокот од државата никако да се отворат

Тапка во место отварањето на модуларните болници во Југоисточниот регион. Иако  министерот Филипче ветуваше дека до крајот на јануари ќе бидат отворени, сега со ново пролонгирање на периодот. Според кажувањата на директорите најверојатно со работа ќе стартуват до крајот на месецот. Во Штип се чека да заврши тендерската постапка за набавка на машина за централен довод на кислород , а во Кочани објектот да се прклучи на мрежата на ЕВН. Засега најблиску до отварање се монтажните бараки во Струмица

  „Овие денови планираме да направиме тријажа . Еден дел од пациентите ќе останат во Одделението за инфективни болести и во веќе постоечкиот Ковид центар, а полесните пациенти од дневна болница ќе ги тријажираме најверојатно во модуларната болница„-изјави Катерина Кузмановска, директорка на ОБ-Струмица

Со отварањето на трите модуларни болници, Истокот ќе добие допоплнителни 110 болнички кревети. Сепак граѓаните се категорични дека монтажните бараки одамна требаше да бидат ставени во функција

 „Требаше уште од почетокот на пандемијата овие болници да прорабатот. Мислам дека нивното отварање одамна е задоцнето. Властите требаше да бидат подготвени на се. Ама кај нас во државата знаете како е, со се се доцни, па и со ова„- велат граѓаните на Штип

Во меѓувреме бројот на новозаболени во регионот почнува да расте. По долг период Штип вчера повторно со двоцифрена бројка. Околу 60% од новозаболените се пензионери, а епидемиолозите мака мачат во откривање на контактите кои и понатаму се кријат. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста