Модуларната болница во Охрид се уште не работи, пациентите ја преполнија Општата болница

Безмалку 2 месеци езатворена модуларната болница во Охрид, заразени паценти се префрлени во старото инфективно одделение каде што нема централен довод на кислород,а полно е и интерното одделение како и дел од нервно.

-“Модуларната болница не е во функција затоа што имаше појава на кондензат,меѓутоа моиментално немаме и доволно персонал за да ја опслужиме истата”-вели директорот на охридската општа болница.

По трагедијата во Тетово,модуларните болници во Македонија го привлекле вниманиети и на СЗО од каде треба да пристигат експерти за да утврдат што се случува со модуларните болници низ државава.

Треба да се направи уште една експертиза, да се провери целата инсталација пред да се отвори.Иначе таа е спремна, моментално е затворен, приклучен е довод на стуја меѓутоа немаме пациенти.Тешко дека би ја пуштиле со оглед на се што настана во Тетово сепак има страв и кај пациентите реагират и кај персоналот – изјави директорот на Општа Болница Охрид, Горан Балев.

Сред овој пик на пандемијата,оптовареноста на болницата е максимална,со ротации се обидуваме да го надоместиме недостаток на персолан кој исто така се соочува со зараза.Целиот интерниситички блок го опслужуваат двајца доктори-додава Балев.

Во меѓувреме од Специјалната болница за кардиоваскиларни заболувања го демантираа информациите дека ќе примат ковид пацинети.

Цениме дека во услови кога капацитетите на Општа болница Охрид,за кои минатата година пред отварањето на модуларната болница имаше официјален податок дека изнесуваат околу 90 легла, во моментот се далеку од исполнети.Неодговорно е да се компромитира работата на нашата болница со отварање на Ковид оддел. Со оглед на високата контагиозност на Омикрон сојот, неодговорно е исто така да се прави дисперзија на хоспитализираните во повеќе болници и да се зголемува ризикот од ширење на болеста меѓу хоспитализираните пациенти и персоналот – информираат од Завод за кардиоваскуларни заболувања.

За цело време на траење на пандемијата кај нас се лекуваат акутни кардиолошки состојби и кај пациенти кои во исто време имаа и присутна Ковид зараза.Последниве недели, работиме со значително зголемен обем како резултат на тоа што извесен период катетеризационата лабораторија не беше во функција поради дефект на Ангиографот. Овој проблем сега е надминат, но резултираше со одлагање на извесен број интервенции кои сега забрзано се реализираат. Потсетуваме дека сме регионален центар за Кардиологија за целиот југозападен регион кој секојдневно решава животозагрозувачки состојби-велат од оваа јавна здравствена установа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста