Модуларната болница повторно се става во функција – бројот на заразени со ковид19 расте и натаму

Капацитетите на Инфективната клиника и останатите ковид центри се пополнети – од денеска повторно се става во функција модуларната болница.

Наместо за вакцинација на здравствените работници, модуларната болница повторно ќе биде за прием на болни со ковид-19. Драстичното зголемување на бројот на заразени ги принуди надлежните повторно да ги зголемат болничките капацитети.

Инфектолозите предупредуваат на внимателност за да не не снајде истото сценарио од ноември минатата година. На Инфективната клиника во моментот се исполнети сите места со 99 хоспитализирани од кои поголем број се со компликации и на кислородна поддршка.

“Старавувањето дека можеме да имаме поголем наплив на пацинети ја донесоа и одлуката да ја отвориме модуларната болница.Односно да подготвиме капацитет кои ќе згрижи пацинети кои ќе имаат потреба.Екипите од интерните клиники имаме и колеги од внатрешноста со оглед дека има ковид центри и во другите градови.Ќе ротираат по потребите и по времето тоа се цели списоци на колеги.” – директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ.

Според последите извештаи вкупно 763 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во земјава,само во Скопје хоспитализирани се повеќе од половина – 306 пацинети.

Дали растот на ковид кривата ќе донесе нови рестрикции? – ќе се знае можеби во понеделник. Комисијата за заразни болести овие денови ќе ја следи состојбата и ќе ги анализираат трендовите, а потоа ќе одлучат дали ќе препорачаат нови мерки.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста