МНР формално признава дека во Македонија нема Македонци според етничка припадност!

Министерството за надворешни работи и формално и потврдува на Атина дека термините македонско, македонски, Macedonian не се етничка или национална припадност туку само државјанство. Во вербалната нота до грчкото Министерство за надворешни работи, со која министерот Димитров го информира дека се исполнети сите законски услови пропишани со Преспанскиот договор стои дека Македонија се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.

„Во духот на договорот терминот националност на Втората страна дефинирана во член 1 (3) (б) од Договорот како „Македонци/граѓани на Република Северна Македонија“ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етникумот како што e тоа пропишано во член 2 (2) од Уставниот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија“.

Премиерот Заев и шефот на дипломатија Димитров со месеци упорно тврдат дека со Преспанскиот договор не само што не се брише туку и се зајакнува, односно бетонира македонскиот идентитет.

  • Овој Договор го потврди и заштити македонскиот идентитет. Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема повеќе оспорување. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ со сите атрибути, со своја историја култура и наследство – изјави премиерот Зоран Заев на втори Август минатата година на Пелинце.

Инаку во нотата се појаснува и дека македонскиот јазик е официјален јазик на земјата признат како официјален на конгрес на ОН во Атина во 1977 година. Целиот допис на шест страници од официјално Скопје до официјална Атина, грчкиот премиер вчера го достави до грчкиот парламентот. Како и на сите официјални документи од Македонија до Грција, и на овој ставен е печат дека земјата „од Грција е призната како ФИРОМ/ПЈРМ“.

Драган Милосављевиќ