Многу топло со високо УВ зрачење, викендов дожд

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.УВ=9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста