Многу фалби, малку резултати – капиталните инвестиции катастрофално лоши и по два ребаланса

Многу ветувања, мала реализација. Капиталните инвестиции кои некогаш беа моторот на македонската економија годинава го допреа дното. Годинава ќе заврши а досега едвај се реализирани половина од планираните и тоа дури по два ребеланса на буџцетот. Власта се правада дека ваквиот резултат е поради кризџата година и ударот од пандемијата

  • Очекувањата се дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе продолжи да расте се до крајот на годинава колку што е можно и колку што ќе дозволат временските прилики. Сметам дека во време на ковид-криза имаме добар исчекор и добар раст посебно во овој дел од годината, но сум оптимист дека во текот на наредната година капиталните инвестиции дополнително ќе бидат мотор на економијата и со тоа ќе можеме да ја извлечеме целата држава и да им помогнеме на институциите и на здравствените работници во справувањето со ковид-кризата, рече Борчварски.

Сепак, Бочварски рече дека во вакви услови треба да бидеме и оптимисти. Во секторот кој тој го рајководи, реализацијата на капиталните пшроекти била малку подобра. Тој посочи дека има кратење на инвестиции во сите проекти во кои се случува одреден застој и тоа не само во капиталните проекти.

  • Има проекти кои не бележат сериозен или брз раст и таму има одредено кратење за да ги насочиме парите кон мерките од четвртиот пакет за да им помогнеме на граѓаните. Во четвртиот пакет се реалоцирани 470 милиони евра за да помогнеме на економијата и на компаниите, да ги задржиме компаниите и да успееме да ја пребродиме кризата и да не дозволиме да ни се сруши системот на економијата и луѓето да останат надвор од своите компании и да се губат работни места. Токму затоа предност во овој момент секоја држава, а не само нашата, дава на задржување на стабилноста на економијата, потенцира Бочварски.

Според досега потрошеното, на власта и стојат на располагање дури 192 милиони евра од планираните 318 милиони евра за капитални инвестиции.

Она што дополнително ги загрижува стопанствениците е недоволната ажурност во надминување на системските слабости. Предупредуваат дека фактот што Ковид-19 годинава ги јаде парите за капиталните проекти не смее да е оправдување за неажурноста на државната администрација.

Доцнење има и кај дел од инфраструктурните проекти. Меѓу покрупните е пругата кон Бугарија, за која догодина со распишување на тендер ќе се бара изведувач и за делницата од Куманово до Бељаковце и за делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Доцни и изградбата на автопатот Кичево-Охрид. За 2021 се очекува да бидат завршени и пуштени во употреба 20-ина километри од оваа делница долга 57 километри. За овој градежен проект биле потрошени околу 350 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста