ММА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

МАКЕДОНСКАТА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА. СПОРЕД НАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ ВАКА ОДЛУЧИЛЕ НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК ОСТАНАТИТЕ НАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ ЧЛЕНКИ, НА КОЈ ДИРЕКТОРОТ НА АЛФА НЕ БЕШЕ ПРИСУТЕН. ЗОШТО ЗАМРЗНУВАЊЕТО Е СТАВЕНО НА ДНЕВЕН РЕД НА СОСТАНОКОТ, ОФИЦИЈАЛНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НЕМА. ПОБАРАВМЕ ИЗЈАВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ММА, ДИРЕКТОРОТ НА ТЕЛМА АТАНАС КИРОВСКИ. НИ ОДГОВОРИ ДЕКА ДОДЕКА НЕ БИДЕ ГОТОВ ЗАПИСНИКОТ ОД СОСТАНОКОТ ОБРАЗЛОЖЕНИЈА НЕМА ДА ДАВА. ЗАСЕГА НЕМА ОДГОВОР КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, КОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ ОДНОСНО ОСТАНАТИТЕ ДИРЕКТОРИ Е ИНИЦИЈАТОР ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА, И ЗОШТО АЛФА НЕ Е ИЗВЕСТЕНА ЗА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РЕАГИРА.

Поврзани вести