Младо момче цел месец како да е притвореник на здравствениот систем

Дваесет и тригодишно момче од внатрешноста кое живее и работи во Скопје, како да е притвореник на здравствениот систем. Во телефонски разговор за Алфа ни  раскажа дека цел месец седи дома откако се вратил од странство и нема кој да го тестира.

 На 7ми март се вратив од Америка, на аеродром ми измерија температура, немав и си заминав дома во станот во Скопје но, бидејќи живеам со двајца цимери стравував да не сум болен иако немав никакви симптоми. Сепак на 8ми март отидов во клиниката “Жан Митрев” за  да направам тест. Од таму лекарите ми кажаа да седам две недели во самоизолација па после да дојдам да се тестирам  – ни соопшти нашиот гледач.

Тој две недели седел во самоизолација а дома останале и неговите цимери. После две недели се тестирал во клиниката Жан Митрев, а тестот бил позитивен.

Откако ми кажаа дека е позитивен тестот, сам се јавив да се пријавам во Институтот за јавно здравје дека сум позитивен на корона и сам се јавив да се пријавам во полиција. Во меѓувреме се тестираа моите цимери и нивните тестови се негативни јас се уште немам никакви симптоми, меѓутоа поминаа и тие 14 дена од самоизолација,а единствени во контрола доаѓаат само полицајците, да видат дали ја почитувам самоизолацијата –  вели момчето.

Нашиот соговорник вели дека и по вторите две недели седење затворен дома,  минатиот четврток се јавил во Институтот за јавно здравје за да ги праша дали ќе дојдат да му земат брис бидејќи тој нема никакви симптоми.

Не досадувајте, ќе ви се јавиме ние кога ќе дојдете на ред “ – ми рекоа по телефон од Институтот за јавно здравје. Во петокот му се јавив на матичниот лекар за да го прашам дали преку него можам да закажам мој термин за земање брис,  тој ми рече дека алгоритмот ме исфрла бидејќи без разлика што сум бил во странство и без разлика што првиот тест покажал дека сум позитивен на Ковид 19, јас немам никакви симптоми ниту пак имам температура, тој ме препрати во институт за јавно здравје, а од таму пак, ме препратија кај матичниот – додава момчето.

Момчето домот не смее да го напушти за повторно приватно да се тестира, бидејќи има потпишано изјава во полиција дека ќе седи во самоизолација. Полицијата доаѓа да го проверува, надлежните здравствени власти пак не го тестираа туку го држеа дома а тој не знае дали корона вирусот го има во себе и може да го пренесе на друг. Дури денес, по голема иницијатива од негова страна, од Институтот за јавно здравје  му земаа брис со што ќе остане во самоизолација додека стигнат резултатите

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста