Младите во Бугарија не се откажуваат од барањето Борисов и Гешев да си дадат оставки

Во пресрет на вонредната седница на бугарскиот парламентот, на која се расправа за недоверба на Владата, повеќе од 3.000 демонстранти, главно млaди луѓе, го блокираа движењето пред Националното собрание во Бугарија. Демонстрантите очекуваат оставка од премиерот Бојко Борисов и од главниот обвинител Иван Гешев. Во Софија дванаесетти ден се оддржуваат антивладините протести. Протестот е мирен и нема тензии. Голем број полициски службеници го обезбедуваат парламентот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста